Денес одлучивме да ја споделиме следнава кратка приказна за двата различни ставови на двајцата ѕидари кои работат една иста работа. Иако нивната работна активност е иста, сепак тие имаат целосно различна перспектива за тоа што го работат.
Прочитајте во продолжение и погледнете ја разликата помеѓу нивните ставови.
Еден ден се сретнале двајца ѕидари и почнале да разговараат за нивните животи и времето што истекува додека си ја вршат нивната работа.
Првиот ѕидар: По цел ден само ги составувам циглите една врз друга. Доаѓам наутро на работа и составувам сè до паузата за ручек. После ручекот повторно ги составувам циглите до крајот на работното време. Единствено задоволство на работа е во петок попладне кога ќе добијам плата за таа недела.
Вториот ѕидар: Јас градам куќи. Секој ден мислам на луѓето кои тука ќе живеат. Мислам колку ќе бидат среќни кога првпат ќе го погледнат нивниот нов дом. Мислам на децата кои во него ќе растат. Мислам на генерациите кои ќе го уредуваат и ко ќе сметаат за нивен дом. Јас не градам куќа, јас некому градам дом.
Прочитајте ја и следнава кратка приказна: „Ставот е најважен!“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.