Скапо ќе те чини секој обид да се вклопиш во просекот…
Скапо ќе те кошта секое: “Што ќе кажат другите”.
Скапо ќе го платиш секој збор заглавен меѓу грлото и јазикот…
И секое “можеби утре” ќе ти се врати со “никогаш”.
И секој восклик од возбуда, оставен на пола пат
ќе се претвори во грутка што ќе те сопнува на секој нареден чекор.
И тежок данок ќе платиш за секоја желба што си ѝ дал име Невозможна.
И сите вересии што си ги запишал
на сметка на иднината, никогаш нема да бидат наплатени од староста.
И времето што евтино го продаваш за трошка почит и внимание,
и соништата кои си ги дал под ќирија
ќе ти бидат вратени за ситни лажни изговори.
И на крајот кога ќе почнеш да ја продаваш и
совеста ќе сфатиш дека многу лошо стоиш со животната економија.
Софи Индивино