Животна економија – Софи Индивино

Скапо ќе те чини секој обид да се вклопиш во просекот…

Скапо ќе те кошта секое: “Што ќе кажат другите”.

Скапо ќе го платиш секој збор заглавен меѓу грлото и јазикот…

И секое “можеби утре” ќе ти се врати со “никогаш”.

И секој восклик од возбуда, оставен на пола пат

ќе се претвори во грутка што ќе те сопнува на секој нареден чекор.

И тежок данок ќе платиш за секоја желба што си ѝ дал име Невозможна.

И сите вересии што си ги запишал

на сметка на иднината, никогаш нема да бидат наплатени од староста.

И  времето што евтино го продаваш за трошка почит и внимание,

и соништата кои си ги дал под ќирија

ќе ти бидат вратени за ситни лажни изговори.

И на крајот кога ќе почнеш да ја продаваш и

совеста ќе сфатиш дека многу лошо стоиш со животната економија.

Софи Индивино

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?