Од утре 12 до 16 февруари, друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, ќе одржи интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“. Поводот е прославување на Кинеската Нова година.
„Да ја прославиме Кинеската Нова Година! Издавачката куќа „Mакедоника литера” организира е-саем на кинески книги во периодот од 12 февруари до 16 февруари 2021 година. Нарачки може да се направат на нашата е-адреса makedonikalitera@gmail, или пак на нашата фејсбук страница. Доставата е бесплатна за сума над 700 денари“, стои во соопштението.
Македоника литера ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Досега ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ја објавува и серијата „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, од која досега се публикувани шест тома. Ќе ги објави и деветте предвидени тома, по нивното публикување во Кина, кое треба за заврши оваа година.
За пристап до каталогот кликнете овде.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.