Skip to content

Литературен конкурс за одбележување на празникот на виното и љубовта во Пехчево

  • by

Со литературен конкурс на тема „Љубов во време на корона“,  Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево ќе го одбележи 14 Февруари, празникот на виното и љубовта. За најдобрите творби проза, поезија и фотографија предвидени се награди кои ќе бидат доделени во просториите на Домот утре во 13:30 часот. Ќе се почитуваат здравствените протоколи. Од домот соопштија дека културните настани предвидени со годишната програма за работа ќе бидат со намален интензитет поради пандемијата.

Најголем дел од планираното се активности кои ќе ги реализираме во соработка со општинското основно училиште „Ванчо Китанов“, со кое имаме одлична соработка. Токму последниот конкурс „Љубов во време на корона“ се реализира со учество на ученици од пехчевската деветолетка, велат од Домот на културата во Пехчево.

Домот од неодамна се стекна со сертификат за општествена одговорност, а истиот се доделува по претходна анализа за општествена одговорност, грижа за вработените, грижа за околината, филантропија и посветеност за напредок на општеството.

Извор

Напишете коментар