Skip to content

Најкратката приказна – Ернест Хемингвеј

Сите многу добро знаеме кој е Ернест Хемингвеј. Екцентричниот автор на романите “Старецот и морето” и “За кого ѕвонат ѕвоната” и ден денес со своите дела, цитати и карактер ги разбранува книжевните води. Хемингвеј е доста интелигентен, итар па дури и понекогаш безобразен во излагањето на своите мислења. Иако има напишано доста дела, едно негово дело одново и одново, при секое препрочитување успева да крши срца ширум светот. Тоа е најкратката приказна на светот.

Имено, кога Хемингвеј како млад дечко се нашол во друштво на неколку постари колеги – писатели, слушајќи ја нивната ароганција и самобендисаност, изјавил дека баш тој може да ја напише најкратката приказна на светот. Писателите смеејќи му се, предложиле и да се обложат, што Хемингвеј прифатил.

Кога сите извадиле по десет долари на масата, Хемингвеј извадил ливче и на него ја запишал најтажната и најкратката приказна на светот која се состои од само шест збора: На продажба. Чевли за бебе. Неносени.” Непотребно е да кажеме дека младиот Хемингвеј ја добил кладбата.

Прочитајте и неколку факти за “Бакнеж“, најпознатата слика на Густав Климт.

Напишете коментар