Замисли ја најтемната ноќ,
најцрниот по боја мермер
и најцрната мравка…
Тоа е бојата на твојата коса.
Замисли ја најсветлата ѕвезда,
најдолгиот ден
и најсилниот блесок на Сонцето,
така сјаат твоите очи.
Никогаш нема да ја заборавам
плазматичната светлина околу тебе,
така ти ми изгледаше како ангел Божји.
Светлина таква- немав видено,
музика вселенска
која не само јас ја слушнав.
Да пробам со букви да опишам
иако знам дека описот неподобен ќе биде.
Музика беше тоа, со најфини тонови.
Три нешта видов светлина, боја и музика.
Но тие три нешта се едно,
а тоа си ТИ.
Скокаш како дете,
и ми бегаш од видикот.
На усните ти се читааат зборовите:
„врати ги деновите кои ги имавме порано“.
Зборовите ги запомнив.
Длабоко во срцето ја врежав параболата.
Некој друг ја напишал, а мене во занес ме фрли.
Исповед е ова.
За тебе, кој засекогаш присутен си.
Милица Пауновска