Душа, тело, ум Клиничка психологија Психолошко катче

Какви психички последици остава сексуалното злоставување кај жртвата?

Пострауматското стресно нарушување настанува како резултат на изложеност на претерано стресни случувања. Се смета за нормална човечка реакција на ненормални околности. Ваквите околности обично се изненадни, исклучително силни и ја блокираат човечката способност адекватно да реагира. Повредите настанати како последица на човечки фактор е потешко да се залечат отколку оние што настануваат сред природни катастрофи или болест.

Траума предизвикана од недозволен полов акт

Во оваа група тешко излечиви повреди спаѓа и силувањето. Тоа е траума предизвикана од намерна, злобна човечка постапка, како и инцест, егзибиционизам, порнографија, непримерно допирање и бакнување. Оние кои го преживеале силувањето се нарекуваат и преживеани, а тој збор влева многу надеж. Терминот преживеани се користи за да означи болка, патење, но и над сè сила на личностите кои преживеале различни лоши искуства и големи животни кризи.

Жртвите доживеале траума и што понатаму?

Тие преживеале користејќи ја силата на својата личност активирајќи дотогаш непознати капацитети. Се издигнале над она што им се случило. Подоцна пронашле значајна вредност внатре во својата личност. Меѓу преживаените има голем број деца и возрасни од двата пола, кои биле жртви на сексуално насилство.

Менталната и физичката состојба на оние кои преживеале траума бара посебно внимание

Додека раната не зацели, се сменуваат различни чувства и мисли. Тие се скршени, повредени, оштетени, како никогаш повеќе да нема да можат да се состават. Можат да се чувствуваат изгасено, како ништо да не изгледа невино, свето, неизвалкано. Како да се во длабока црна дупка која секој момент ќе го проголта целиот нивен живот. Имаат чувство дека се поинакви од сите други луѓе, дека никогаш нема да се вклопат. Мислат дека ќе полудат, дека им се заканува губитокот на контрола за она кои се тие вистински и чека зад секој агол повторно да ги опседне, да ја блокира нивната реакција. Се доживуваат мртви внатрешно, отфрлени со сите животни патеки по кои некогаш оделе. Како траумата одеднаш да го пресекла животот, го поделила и го прекинала сè она што дотогаш постоело и го спакувала во лице и психа на некој кој сега го познава животот пред и после траумата.

Да се разбере смислата на симптомите

Пострауматското стресно нарушување го карактеризираат екстремна општа физичка возбуденост, немир во текот на соочување со тригери. Ова се случува бидејќи нервниот систем станал пречувствителен и преплавен со трауматското искуство. Како последица на тоа нервниот систем покажува претерани реакции дури и на мал стрес.

Се јавуваат проблеми со спиење (испрекинат или немирен сон, кошарми, потешкотии со заспивање). Стравовите можат да бидат поврзани и со одењето на спиење, посебно ако креветот бил место на кое траумата се случила.

Изолираност или бес можат често да се манифестираат бидејќи неразрешениот бес лута слободно, често е помешан со срам, фрустрација, предавство.

Тешкотии со концентрација и помнење

Овие потешкотии можат да се случат поради постојаното присуство на наметливи, насилни сеќавања кои се враќаат. Да се биде во состојба на готовност во однос на наметливите мисли значи и постојано внимание со кое се осигурува, превенира потенцијална наредна повреда.

Присутно е и чувството на ранливост, плашливост од многу нешта и невозможност да се почувствуваат безбедно и на сигурно место. Константен страв од можното повторување на трауматскиот настан ги води во претерана претпазливост, брзо скенирање на околината, начинот на кој ќе седат, одат, ќе зборуваат со другите луѓе.

Силата на наметливите мисли може да ги води кон очајнички обиди да ги избегнат сите потсетници на траумата. Способни се дури и да ги блокираат во умот мислите или сликите поврзани со трауматското случувањеи или да ги изгаснат сеќавањата. Тогаш имаат празнина во меморијата во однос на детството ако во текот на тој период дошло до злоставување.

Чувства, избегнување на емоционална болка на сметка на физичка

Потиснатите емоции и сеќавања на траумата се толку болни што одбиваат да се сместат во долготрајната меморија. Нешто слично како неименуван фолдер на декстопот кој стои на површина, а тие константно влегуваат во други мемориски фајлови. Карактеристики на вируст, статус на неорганизиран фолдер.

Особите кои се жртви можат да се чувствуваат целосно поинаку во текот на траумата, да доживеат дисоцијација, а истото чувство може да се јави во текот на изложување на тригер ситуации како на пример допири, мириси, слики или при наплив на наметливи мисли. Деловите од мозокот кои нормално би ги интегрирале трауматските настани во долготрајната меморија биле преплавени во текот на трауматскиот настан.

Траумата останува заробена во активната меморија постојано подвжина од различни тригери. Дисоцијацијата е всушност начин на кој умот се брани, слично како телото што се брани против инфекции. Непроцесираните трауматски мисли ќе се враќаат сè додека не се осмислат и не се сместат во долготрајната меморија.

Во социјалните односи може да се чувствуваат неповрзано и оттуѓено од другите

Чувството е како да носат голема, мрачна тајна во себе и дека никој друг нема такво лошо искуство. Повразаноста со другите луѓе бара и емоционална отвореност, ризиквуање со ранливсота, што е речиси невозможно поради тајните и борбата која сè уште ја водат со минатото. Чувството на неповрзаност со другите може да доведе и до дисконекција со сопствената иднина, т.е. се нема јасна визија за позитивна инидна, нормален, среќен живот. Со блокирање на минатото се блокираат и сегашноста и иднината.

Уверувања за себе

Уверувањата за себе, другите луѓе и животот се менуваат во однос на период пред траумата. Уверувањата за себе: „Тоа не може мене да ми се случи, безбедна сум, не сум ранлива, нештата се во моја контрола“, се преобликуваат во целосна спротивност, константно чувство на ранливост, несигурност, губење контрола над сопствените чувства, однесување и нормалност.

Добрината, компетенцијата, сликата за себе која била обоена со светли бои сега зрачи со негативнос, идеја за безвредност, ментална стапица, самодеградација и нејаснотија која е особата воопшто.

Уверувања за другите луѓе

Претходните уверувања за другите луѓе имале порака дека светот е добро место во кое се случуваат прекрасни и предвидливи работи, луѓето се добронамерни, се претвораат во место кое нема никаква смисла, каде луѓето се злонамерни, злобни, лоши, каде губењето контрола е секогаш присутно и постоењето го прави бесмислено.

Прочитајте и дознајте кои се трите знаци за скриена психопатија.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје