Skip to content

Ледена кутија – Милица Пауновска

  • by

Погледни ме.

не сум каква што бев.

Очигледно живеев во лага.

Научив по тешкиот пат.

 

Само кога мислев на тебе

само тогаш не бев осамена.

Само ти ме лекуваше.

Верував во нешто неможно,

не спиев заради нешто магично.

Дишев,

учев,

живеев  за тоа волшебство.

Планирав нешто незамисливо.

Не знаеш колку пати замислував сè перфектно.

Знаев дека би можеле…

Сакав да можеме.

Сега тука ми стои леденава кутија,

на местото каде што срцево некогаш чукаше.

 

И…веќе немам ништо.

Ми згасна единствената светлина.

Ми го украде единственото за кое живеев.

Со само еден збор сè стана немо.

Во само еден миг небото ми го затвори.

Само во еден здив падната царството ко од карти.

Не знаеш…дека знам,

дека не си ти крив што те немам.

Исто како тетоважа,

секогаш ќе те имам.

Милица Пауновска

Напишете коментар