Сè уште се слуша плачот – Ана Дедова

(на: Тодор – Тоше Проески)

Плачат улиците по тебе,
сѐ уште го бараат чекорот твој,
се слуша плачот на славејот,
тагува по најубавиот од родот свој.

Плаче гитарата по тебе,
осамена зад аголот стои
сѐ уште ги бара твоите раце,
на нејзините тенки жици,
деновите ги брои.

Плаче една фамилија,
по изгубаниот син, вујко и брат
твоја слика љубат и ден и ноќ,
остана празна собата твоја,
на вториот кат.

Плаче светот сѐ уште по тебе,
кандило во сечиј дом во твоја чест гори,
раце склопуваат, по една молитва
секој од срце изговори.

Ана Дедова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?