5 години од смртта на големиот писател, филозоф и есеист Умберто Еко

Библиотеката и архивата на Еко, која содржи ѕвездена колекција на книги од античка и модерна литература, станува културно наследство на државата Италија. Министерството за култура на Италија ја стекна огромната библиотека и архива на Умберто Еко, италијански специјалист за Среден Век, филозоф и автор, кој почина во 2016 година, пред точно пет години.

Добивањето на книгите следува по договор меѓу семејството на Умберто Еко и Министерството за култура, со тоа што државата  гарантира зачувување на ова несекојдневно наследство, и ќе го направи достапно за студентите и научниците.

Поседувал библиотека со околу 30 000 тома книги

Модерната библиотека на Еко, со околу 30 000 тома книги, и неговата архива ќе бидат дадени на заем,  90 години на Универзитетот Alma Mater од Болоња, каде што Еко предавал поголем дел од својот живот.

Неговата збирка антички книги, составена од околу 1.200 тома и насловена како „Bibliotheca semiologica Curosa, lunatica, magica et pneumatica“, ќе ја чува Националната библиотека „Braidense“ во Милано.

Најпознат по неговиот роман „Името на розата“

Еко е несомнено најпознат низ целиот свет со неговиот роман „Името на розата“ издаден во 1980 година, кој е преведен на над 40 јазици и продаден во повеќе од 50 милиони примероци.

Книгата, инспирирана од опатијата од 10 век Sacra di S. Michele, беше екранизирана во 1986 година каде главна улога имаше Шон Конери.

Своите доживувања од периодот на Втората светска војна ги опишал во неговиот втор роман, „Фукоовото нишало“.

Умберто Еко почина во 2016 година откако ги објавви  неговите собрани дела, односно седум прекрасни романи.

Овој голем писател секогаш инсистирал на тоа дека добриот уметник мора да има ефикасен наратив, како и дека светот што го создава во неговите дела мора да биде убедлив и самодоволен.

Еко е автор на романите:

„Името на розата“ (Il nome della rosa), Милано, 1980

„Фукоовото нишало“

„Островот на претходниот ден“

„Баудолино“

„Таинствениот пламен на кралицата Лоана“

„Прашките гробишта“

Најпознати научни дела на Еко се:

Естетскиот проблем кај свети Тома (Il problema estetico in San Tommaso), Торино, 1956

Развојот на средновековната естетика (Sviluppo dell’estetica medievale), Милано, 1959

Апокалиптичарите и интегрираните (Apocalittici e integrati)

Opera aperta, Милано, 1962

Отсутна структура (La struttura assente), Милано, 1968

Знак (Segno), Милано, 1973

Расправа за општата семиотика (Trattato di semiotica generale), Милано, 1975

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?