Како да напишете роман: Совети за почетници

Пишувањето роман е застрашувачки предизвик дури и за најамбициозните автори. Секоја година се издаваат илјадници романи. Додека секоја фаза од пишувањето е предизвик, можеби најтешкиот дел е како да ја почнете книгата.

Повеќето писатели чекаат да ја напишат првата реченица, откако ќе  почувствуваат доволно самодоверба. Пред сѐ, за сижето, ликовите, темите и структурата. И покрај радостите што ги нуди слободното пишување и импровизациите на потокот од свеста, повеќето романи се пишуваат поинаку. Се мисли на период од интензивни размислувања, пресметки, истражувања и создавања контури. Некои автори примаат забелешки и мислења базирани на идеите и контурите, од уредниците или пријателите. И, тоа уште пред да ги напишат првите редови од својот роман.

Може да ви изгледа застрашувачки кога за првпат ќе седнете да пишувате роман. Но, ако обрнете внимание на некои работи при пишувањето, ќе си ги зголемите изгледите за успех.

Изберете го светот во кој ќе поминете најмногу време

Романот изискува читателите да се задлабочат во специфичен свет, за време на часовите што ги поминуваат читајќи. Уште поважно, од вас, како автор, се бара да се задлабочите со недели, месеци, па дури и години во тој свет. Изберете место и временски период што ве интересираат и работете на тоа. Имате повеќе од едно место? Тоа е во ред, но не потценувајте ја вредноста на едноставноста кога станува збор за раскажувањето. Немојте да го пренатрупувате романот со многу промени на локациите.

Пронајдете ја приказната во светот во кој сакате да се задлабочите

Романите се многу повеќе од само ред локации и временски периоди. Мора да бидат водени од приказна што останува убедлива од почетокот, до средината и крајот. Затоа, решете каква приказна сакате да раскажете и осигурајте се дека ќе го одржи во живот целиот роман. Ако мислите дека не можете да го задржите подолгото внимание на читателите, размислете за пишување раскази.

Направете избор на ликови

Сега, откако ги имате светот и приказната, размислете за главните ликови. Очигледно, главниот лик е најважен. Силниот главен лик треба да има богато осмислен и детализиран живот, и вие како писател, треба добро да го познавате. Да ја знаете неговата лична приказна, неговите особини, подемите и падовите. Колку повеќе го разбирате главниот лик, толку повеќе ќе имате да ѝ раскажете на публиката за него.

Планирајте го крајот

Можеби не сте го планирале почетокот или средината, но мислете однапред на тоа што читателот ќе го доживее. Најверојатно, крајот е тој што најдолго ќе остане во читателот. Потрудете се да им дадете извонреден крај. Без разлика дали сакате да напишете драматичен трилер или мелахноличен роман воден од постапките на главниот лик. Ако имате добро смислен крај, тоа може да ви помогне да ја изградите приказната. А со неа, и ликовите што ќе ја водат до веќе испланираниот крај.

Поделете ја приказната на неколку делови

Кога веќе знаете во кој правец оди приказната, време е да се вратите назад и да ја поделите на делови. Обично, приказните се структурирани од три дела. Секој крај од тие делови треба да биде значаен столб од приказната во целост. Ако ѝ препуштите на приказната да се развива прогресивно низ романот, ќе добиете книга доследно добра од почеток до крај.

Почнете да пишувате пред да се обесхрабрите

Планирањето е фантастично и неверојатно важно. Сепак, немојте да допуштате претерано педантното планирање да застане на патот на вашата задача – да напишете роман. Можеби првите редови од првиот дел ќе бидат ужасни, и можеби на крајот целосно ќе го преработите напишаното. Но, најважно е да се нурнете во приказната пред да почнете да се сомневате во себеси.

Извор

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?