Сончоглед,
Извајана ноќ на увото од Ван Гог
Облечена во руво од ѕвезди
Кои светат на црвените канали на Амстердам
И сакаат да намирисаат лале,
Сакаат да земат едно лутиче да им
Вирее таму горе
Каде трепкаат и се гасат
Не знаејќи дека може да го изгорат,
Ох, тоа е толку нежно,
А ти си толку силна
Холандијо!
Морето не може да те повлече
Го држи силината на ветерниците
И се наоѓаш на смрзнатина од снег
Каде се лизгаш на силината од ветрот
Залутана ти си чини
Дека ќе одлеташ од Ноќната стража
Победуваш мориња, океани Холандијо!
И се враќаш назад само за еден поглед
На девојчето со бисерка обетка
И дрвен штафелај
Под тмурното небо.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.