Конкурс „Секоја капка спомени“ за најдобра поетска творба, ликовно дело и музичка композиција

Макпрогрес го распишува Меѓународниот конкурс за избор на најдобра поетска творба, краток расказ, ликовно дело и музичка композиција.

Делата кои ќе ги создаваат авторите треба да бидат на тема: „Секоја капка спомени“.

Конкурсот се распишува во следниве категории:

– Поетска творба

– Краток расказ

– Ликовно дело и

– Музичка композиција

Поетските творби да бидат напишани на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, да не бидат подолги од 32 реда и да бидат напишани во Word документ, фонт Times New Roman со македонска поддршка.

Кратките раскази исто така треба да бидат напишани на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, Times New Roman со македонска поддршка, да бидат подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат, маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm и да не надминуваат 700 зборови.

Ликови дела можат да бидат изработени во било која ликовна техника (пастел, масло, колаж, акрил, цртеж, акварел, гваш) на било каква подлога со димензии не поголеми од 80/60 cm.

Оценување на творбите ќе се одвива по принципот соодветност на темата – 50%, техника на реализација на делото – 20% и оригинална идеја и креативност – 30%.

Музичките композиции треба да бидат изработени во духот на македонската народна песна, тематски да ги воспеваат темите дадени во критериумите и да изобилуваат со лирски тонови и емоции.

Критериумите за учество ги имате на фотографијата подолу.

Адреса за достава по пошта:

Макпрогрес доо, ул. Војдан Чернодрински 8, 2310 Виница

Електронска адреса: [email protected]

Конкурсот е отворен од 14 февруари 2021 и трае до 12 март 2021 година. Прогласувањето на побединиците ќе се одржи на 21 март во Виница.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?