Лулу: Кратка приказна за исполнување на желбите

Во следнава  кратка приказна се зборува за исполнувањето на желбите односно нивно неисполнување. Што се крие зад името „Лулу“?

Посетителот во некоја лудница затекнал еден од лудаците како се клати без престен и целиот среќен повторувал: „Лулу, Лулу, Лулу…“.

– Што му е на човекон? – посетителот го прашал докторот.

– Лулу е жената што го оставила. – одговорил докоторот. Двајцата продолжиле да одат понатаму. Потоа пак поминале крај  некоја келија во која бил сместен човек кој без престан ја удирал главата во ѕид и повторувал: „Лулу, Лулу, Лулу…“.

– Зарем и овој има синдром Лулу? – прашал посетителот.

– Да, – одговорил докторот, – тој е човекот за кој Лулу се омажила.

Постојат само две причини за тага во животот: кога нема да го оствариме она што навистина го посакуваме и кога тоа ќе го постигнеме.

Прочитајте ја приказната за една Среќа и нејзиното семејство.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?