Skip to content

Зошто никој не ми кажа? – А. Лефкоска

Зошто никој не ми кажа дека луѓето се реки?
Дека не се вечни, дека жуборат, течат, бегаат од изворот,
зошто ме оставивте да живеам со сонот дека сите се доверливи?
Ѕверки – ѕверови,
пусти пустини.

Зошто никој не ми кажа дека луѓето се реки?
Дека навечер го крадат отсјајот од сите небесни ѕвезди,
дека под себе кријат бездни кои можат да проголтаат,
еден ден да те сакаат вечно,
друг, без око да им трепне да те остават.

Зошто не ми кажавте дека ќе боли?
Зошто не ми кажавте дека ќе гори?
Ама срце е феникс, ќе изгори па од пепелот пак ќе се прероди,
нема да заборави,
ќе остави ама нема да заборави,
нема никогаш да заборави дека луѓето се реки,
дека се жуборливи ама не се вечни,
дека се ѕверови и ѕверки темни,
и поентава на Земјава е да се најде некој што ќе ја засака вашата темнина.

Напишете коментар