Кристина Пизанска (фр. Christine de Pisan; Венеција, 1364 – Пуаси, 1430) била италијанскo-француска авторка од крајот на средниот век. Таа е позната како „првата жена што имала можност да се издржува себеси и своето семејство работејќи како писателка“. На 15-годишна возраст се омажила за Етиен де Кастел, кој за жал починал една деценија подоцна.
Прва жена писателка која се издржувала себеси од пишување
По неговата смрт, таа останала со три деца која требало сама да ги одгледува. Кристин се свртела кон пишувањето за да се грижи за своето семејство. Таа се свртела кон пишувањето. Од 1393, таа пишувала љубовни балади, што го привлекло вниманието на богатите добротвори. Овие покровители биле заинтригирани од оригиналниот, нов стил на еден женски писател и побарале од неа да компонира текстови за нивните романтични животи. Нејзиното творештво во овој период е плодно. Помеѓу 1393 и 1412 година, таа напишала над 300 балади, и многу повеќе пократки песни.
Литература дебата за Романсата на Розата
Учеството на Кристина во една литературна дебата, во 1401-1402, дозволила да отиде подалеку од ексклузивните кругови, и на крајот да го воспостави својот статус како писателка која се занимава со позицијата на жените во општеството. Во текот на овие години, таа се вклучила во познатата книжевна полемика, “Расправа за Романсата на Розата”. Таа помогнала да се поттикне оваа дебата со нејзиното сомневање за литературните заслуги на Романсата на Розата на Жан де Мен. Напишана во 13 век, Романсата на Розата ги сатиризирала конвенциите на љубовта додека критично ги прикажувала жените како ништо повеќе од измамници. Кристина конкретно се спротивила на употребата на вулгарните термини во алегоричната песна на Жан де Мен. Нејзината критика првенствено произлегла од нејзиното верување дека Жан де Мен ги напаѓа жените низ текстот.
Дебатата била голема и на крајот, главниот проблем повеќе не биле литературните способности на Жан де Мен. Главен проблем станале неправедните клевети за жените во книжевните текстови. Овој спор помогнал да се воспостави репутацијата на Кристина како женски интелектуалец кој можел да се наметне ефикасно и да ги брани своите мислења во литературниот свет каде доминирале мажите. Таа продолжила да се спротивставува на навредливите литературни третмани на жените.
Градот на дамите
До 1405, Кристина ги завршила своите најпознати книжевни дела, Книгата на Градот на Дамите и Богатството на Градот на Дамите. Првата од овие ја покажува важноста на минатите придонеси на жените во општеството, а втората се обидува да ги научи жените како да култивираат корисни квалитети.
Во Книгата на Градот на Дамите таа создала симболички град во кој жените се ценети и бранети. Таа изградила три алегориски фигури – Разум, Правда и Чесност – во согласност со востановените модели во литературата на тоа време, кога многу книги и песни користеле алегориски фигури за изразување на идеите или чувствата.
Таа влегува во дијалог, движејќи се меѓу прашања и одговори, со овие алегориски фигури што се од сосема женска перспектива. Заедно, тие создале место каде можело да се зборува за проблемите од интерес за сите жени. Само женски гласови, примери и мислења биле дадени во овој текст. Кристина, преку дамата Разум особено, тврди дека стереотипите за жените можат да бидат одржани само ако жените се спречени од влегување во разговорот. Генерално, таа се обидела да воспостави вистини за жените кои се контрадикторни на негативните стереотипи кои таа ги имала идентификувано во претходната литература.
Богатството на Градот на Дамите
Во Богатството на Градот на Дамите, таа го нагласува убедливиот ефект на говорот и активностите на жените во секојдневниот живот. Посебно во овој текст, Кристина тврди дека жените мора да ја признаат и промовираат нивната способност да направат мир меѓу луѓето. Оваа способност ќе им овозможи на жените да посредуваат меѓу мажот и други субјекти. Таа исто така тврди дека деградирачкиот говор ја еродира честа и се заканува на сестринските врски кај жените.
Кристина потоа расправа дека “вештината во дискурс треба да биде дел од моралниот репертоар на секоја жена”.Таа верува дека влијанието на жената се остварува кога нејзиниот говор доделува вредност на добродетелноста, доблеста, и воздржаноста. Таа вели дека реториката е моќна алатка со која жените би можеле да ги надминат разликите и да се наметнат. Богатството на Градот на Дамите обезбедува глетка во животот на жените во 1400 година, од познатата дама во замокот до сопругата на трговецот, слугинката, и селанката. Таа нуди совети за учителките, вдовиците, па дури и проститутките.
Расправа за Романсата на Розата
Во “Расправа за Романсата на Розата”, таа му одговорила на Жан де Монтрeн, кој ѝ испратил трактат во одбрана на неговите чувства изразени во Романсата на Розата. Таа започнала со карактеризација на нејзиниот противник како “експерт во реториката” за разлика од себе, “жена која заборавила на суптилно разбирање и агилен сентимент”. Во конкретниов апологетски одговор, Пизанска го критизира сопствениот стил. Таа користи реторичка стратегија со пишувањето против својата поента, исто така познато како иронија.Нејзината способност за користење на реторички стратегии продолжила кога Кристина почнала да компонира книжевни текстови, после ‘“Расправа за Романсата на Розата”.
Песната на Јованка Орлеанка
Нејзиното последно дело било напишано во 1429 година, Песната на Јованка Орлеанка (“Ditie de Jehanne dArc”) било признание за Јованка Орлеанка. По завршувањето на оваа песна, се чини дека Кристина, на возраст од 65 години, одлучила да стави крај на својата литературна кариера.
Во создавањето на своите дела, Кристина се трудела да најде и други жени за соработка. Таа посебно ја споменува илустраторката позната само како Анастасија, која таа ја опишала како најталентирана од нејзиното време.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.