Тежината на мислата се мери
според почетокот на нејзината појава,
времетраење и константност,
емоциите со кои се облекува
го придвижуваат нејзиниот тек,
а цврстината ја одредува реализацијата.
Секунди се потребни од мисла до акт
Илјадници часови за да си судиш
за непромислена одлука.
Ти си производ на сопствената мисла,
роб на премолчени зборови,
господар на умствениот апарат
и слуга на своите ветувања.
Мислата во невидливоста е моќна,
во должината на нејзиното течение е бесконечноста,
во нејзината хаотичност се состои душевното безредие,
во нејзината чистина спие невиноста на душата,
во непрекинатоста таа е непресушен извор на креација.
Мислата во недофатливсота е силна,
без допир моќна е да те сруши на половина,
ако е неречена те заробува во тишина,
ако е претворена во збор не се враќа назад.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.