Зборувај ми – Маринела Станковиќ

Во ова време-невреме кога секој секого избегнува. Кога веќе нема подадена рака, нема прегратка. Зборувај ми за убави нешта.
Зборувај ми како си нахранил гладни. Зборувај ми како си му помогнал на соседот иако те нервира. Животот е краток користи го на паметни нешта. Биди ЧОВЕК бидејќи сѐ си заминува, но остануваат делата да говорат за тебе. Патот до врвот е тежок, но патот до дното е многу лесен. Денес си горе, а утре доле.

Зборувај ми за убави нешта, па макар биле и фантазија и илузија. Доста му е на светот од реалноста во која што сме денес. Зборувај ми за убави нешта. Еве јас ќе ти зборам за љубовта. Љубовта е убава, ти дава сила. Љубов е кога син ми ќе ги стави двете раце околу мојот врат. Ќе дојде во прегратка без да бара нешто за возврат. Љубов е кога сопругот ќе ме бакне на поминување без да сум направила нешто.

Зборувај ми за убави нешта. Еве јас ќе ти зборам за среќа. Среќа е да имаш кој да ти каже “добро утро“ и “добра ноќ“. Да имаш здравје. Да имаш дом и семејство кое те сака и кога си најдобар и кога си најлош. Кога имаш и кога немаш. Кога губиш и кога добиваш. Зборувај ми за убави нешта. Биди причина за нечија насмевка.

Маринела Станковиќ

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?