Нејзината мисла е рај кој
ти влева пеколно чувство,
нејзиниот ум е еден од
најхаотичните заплеткани шеги,
нејзината страст е шума со пожари,
пожари кои избувнуваат сè повеќе и повеќе,
а како да згаснат?
Очите нејзини се две кибритчиња кои
тивко горат, а ја разнасуваат целата шума…
Нејзината дланка е толку крвава и топла,
што би можела целиот свет да го затопли..
Да целиот свет.
И тронка индиферентност црта стрели
и го погодува нејзиното
пречувствително срце,
нејзината кроткост и смиреност
има тигарски заби,
има очи како на рис,
кога некој ќе реши да си игра со неа,
има таков стисок на лав,
на лав, да.
Нејзината страст е пожар кој не се гасне..
Мистериозна,
нејзината трвдоглава мистерија
доаѓа доцна во ноќта,
а си заминува рано зори,
и така оди и доаѓа,
и вие не ја знаете,
не е класична,
ниту посебна,
единствена е,
таа е олицетворение на оние
бескрајно прекрасни музи,
таа е онаа билка за најстрашната болест,
и не, не можеш да ја знаеш,
не можеш да ја пронајдеш,
таа е далеку,
извор е на секој пожар,
жената е огнот,
насекаде само оган.
Таа е жена,
жена со боја на очи
како огнената топка..
Таа е жена.
Таа не дозволува само да ја бакнеш,
нема ниту да ти дозволи
да си играш со нејзината фантазија,
Таа е жештината која ти го гори јазикот,
горко кафе кое ти ги ококорува очите,
Таа е пожарот.
Жената е пожар.
Софија Величковска