Прекрасна – Виктор Кадинец

Прекрасна си кога гледаш,
како насмевка ме носиш.
Прекрасна си кога прегратка даваш,
кога срцево во своето го ставаш.

И милум леташ на дланката моја,
ја ставаш на душата своја.
И сон сум ти и јаве и топлина врела.
Прекрасна си, смела.

Прекрасна си кога преку усни и срцето го даваш.
Сон ли си прекрасен,
чим јавето ми го будиш.
Јас тебе оков на срце,
ти мене врисок во мисла.

Прекрасна си зошто искрено љубиш,
некои соништа ми будиш.
И со тебе насмевка имам,
мир во окото без да ми трепне.
И зборот не го кријам туку го ставам на челото твое.
Да те буди,
да те заспива,
да те опива,
да те трезни.
Зошто прекрасна си во зеницава моја.
ете напишав јас сум љубовта твоја.
И милум штом во прегратка ми вдениш срце,
како со бајрак високо мавтам,
го веам и пред око и зад око
и поглед твој барам.
Зошто ме носиш таму каде не сум бил
и се капам во таа раскош од љубов
и прекрасна си кога ќе ме плесниш,
да ме свестиш и со прегратка дума ми даваш.
Да пијам од вино рајско,
до налевам од тие усни,
да се трезнам од душата твоја.
Јас да ти бидам прекрасен.
Прекрасна моја.

Виктор Кадинец

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?