Ви ги претставуваме спортските афоризми коишто се напишани од македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски. Тој во текот на својата твореча кариера има освоено значајни награди. Прочитајте ги, ние ви ветуваме задолижтелна насмевка на вашите лица!
Фудбалските судии се како кафански музичари. Свират за оној што ќе им плати најмногу.
Имаат шанси за висок пласман. Ангажираа талентиран благајник.
Кога судијата е дванаесети играч, фудбалот е во аут.
И фудбалските судии се модернизираа. Се повеќе свират на play back.
Загрозена е ефикасноста на фудбалерите. Се повеќе голови постигнуваат судиите.
Во женскиот фудбал крајот секогаш делото го краси. Тогаш се менуваат дресовите!
Да знаеше дека има толку малку помошници, никогаш немаше да се омажи за фудбалски судија.
Време е за нови победи! Собравме пари да ги купиме судиите.
Ситуацијата на трибините на фудбалските натпревари пред пандемијата и денес е иста. И тогаш и сега се – празни.
Ние и пред пандемијата држевме безбедно растојание на трибините. Наместо илјадници, имаше по пет шест гледачи.
И нашите фудбалери играат од срце. Ама кога ќе се фатат на оро.
Судиските неправди некого го болат, а некого скапо го чинат.
Натпреваарот покажа дека и ние коњ за трка имаме – благајникот на клубот.
Често на фудбалските натпревари судат оние на кои треба да им се суди. Судијата не го држеше свирчето за забите, па остана без нив.
Нашиот фудбал има длабоки корени. И античките македонци не знаеле да играат фудбал.
Нашите фудбалери никогаш нема да го остават срцето на теренот. Немаат тие јајца за таа работа.
Онаму кај што фудбалерите статираат ситуацијата со фудбалот е драматична.
Пет пари не даваат за фудбалот. Затоа и купуваат натпревари.
Имаме музикални фудбалери: труба до труба.
Онаму кај што се продаваат натпревари, фудбалот е на ниска цена.
Преминаа од зборови на дела. Го продадоа натпреварот на чесен збор.
Натпреварот го разбуди животното во нашиот центарфор. Играше како коњ.
Многу наши фудбалери никогаш нема да ги доживеат своите пет минути. Така е кога не им се мери времето на сто метри.
Натпреварот го уништи атеистот во мене. Цело време се крстев на она што го гледав.
За разлика од фудбалерите, судиите на секоја натпревар можат да настапуваат за друг тим.
Треба да се вложуваат пари и во навивачите. На пример – да се увезуваат!
Во натпреварот меѓу полтроните и шефовите, победникот го решаваат автоголовите!
Колку пари вредат неговите автоголови, најдобро знаат благајниците на клубовите за кои игра.
Сестран фудбалер: куќата на исток, станот на север, викендицата на југ, а сметката на запад.
И нашиот голман има девиза. Ама само кога ги продава натпреварите – за девизи.
Нашиот центархаф е голем патриот. Ги продава натпреварите само за денари.
Судијата цело време им прогледуваше низ прсти на домашните фудбалери. За полесно да ја види – ветената кола!
И ние еден ден ќе станеме светски прваци. Надежта умира последна.
Конечно и нашиот центар постигна тројка! Фати тризнак на спорска.
И меѓу навивачите има такви кои сакаат нешто помладо. Оние што место мајката му ја пцујата жената на судијата.
Не ѝ смета што на натпреварите на кој суди нејзиниот сопруг сите ја пцујат, туку што никој не преминува од зборови на дела!
Прочитајте ги и следниве палави афоризамчиња за деца од истиот автор.