Убиството – А. Лефкоска

Чекај.
Застани,
издиши ја таа тензија од стегнатите раменици,
спушти го пиштолот,
да го продолжиме разговорот,
не е дотолку вреден мојот мозок па да се најде на тепихот.

Чекај.
Застани.
Мене ли ќе ме убиеш?
Ама, во кого после ќе се сокриеш?
Кого после со сенката ќе покриеш?

“Чекај. Застан-” Пукна пиштолот,
не дозволив да го довршиш ни зборот,
сега сум јас, само моја верзија во на огледалото просторот.

Убив човек,
со пиштол вперен во челото,
во два по полноќ на лето,
убив човек за друг да може да живее,
без тронка жал се убив себе.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?