Трчам низ моите дождови,
а мрзливите капки
паѓаат на моите раменици.
Над тивката шума,
каде што извираат
изворите на душата,
испаруваше сенка
меѓу карпите и тревата.
Тие паѓаа,
како воздишки и како птица,
однесени од ветрот во езерцето.
Таму и градите се искинале
од сивите облаци,
како трска пресушени,
каде се скрила капката роса
на пустинската долина.
Празнината на голтката
се скршила од тага,
како ѕвездата над водата и лилјаните.
Ти, ти си мојата мачна љубов,
која копа во глината на јамите
и собира се!
Ти си снежна бура
на мислите од влажниот исток,
каде зачекори полека,
кон местото на нашета разделба.
Беше замрзнала и месечината
под глувите дрвја,
под кои се засолнив
во скршената магла
и во твоите разгорени црни очи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.