Skip to content

Искра – Александра Стојановиќ

  • by

Како искра
заплови во мојот живот.
Тивко,
без глас и трепет
го пронајде својот спокој,
длабоко во моето срце.
Се препуштив
можеби ја засакав таа слика,
заборавајќи на тагата која блика.
Поверував на миг,
во зборовите пусти,
несомневајќи се
дека ќе избледат
со маглите густи.
Пред да заминеш,
остави трага,

почуствува дека
ме повреди
твојата бела лага.
Вината во мене ја гледам,
а со секој чекор,
пробувам далеку
да избегам.
Зборовите за збогом,
ги остави на овој праг,
но и самиот знаеше,
засекогаш ќе ми останеш драг

Александра Стојановиќ

Напишете коментар