Skip to content

Најубава песна – Николина Ќорвезироска

  • by

Ќе си ги откопам старите сеќавања

За најубавата песна, лулана од ветрот

Пеена на нишалката за ѓурговден

Галена со врбово гранче,

Гласна ко заљубена гулабица…

Песната си лебдеше на облакот

И сега се радувам, а не сум дете.

 

Ќе ги наберам сите лични и убави песни

Од сите мои омилени поети

Како зрели овошки …накитени со цветови

Ќе ја исцедам мудроста нивна

раскошниот разум што им се претворил во цвет

ќе ја краси  мојата коса.

 

Ќе ги исплачам сите солзи

За сите несреќни љубови

За со радост нов стих да напишам,

Кој ќе ни го опева бескрајното простување

Заедно со погледите и нежното милување.

Како плодот… цвет кога беше…

Како љубовта кога зборот го колне, со бакнежи душата ни ја лови

Како пеперутка фатена во детска мрежа…

Која моли за милост.

Ете ми блескаат очите, како сонце ми  изгреваат на таа убавина

Ќе се родат новите стихови за да ги потопат сите скриени несреќи.

Николина Ќорвезироска

Напишете коментар