Повик – Јована Анастасијевска

Повик
Времето брзо минува.
Белина, бела од утрата и ноќите скриена над сиот свод,
те повикувам,
веќе зимата како да поминува, а животот полека одминува..
Немаш каде? Дојди…

Секој чекор мој го знаеш
играта на зборови и играта на љубов проткај ги
и само полека дојди.
Те повикувам,
во мракот твојот глас го слушам – треперам,
немаш со кого? Во ова студено време само дојди,
те повикувам,
низ тесни улички изгубени луѓе лутаат меѓу нив те барам,
каде си? (Те повикувам),
те барам а те нема.

Повторно сам и повторно сама
во ова глуво и немо време
Без глас..
Во тишината си некаде скриен,
некаде сум изгубена и јас.

Странци во ноќите
и странци во љубовта,
те повикувам
уште оваа ноќ.

Јована Анастасијевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?