Вечна поезија – Александра Стојановиќ

Невина и чиста,

поезија е велат

додека срцата 

на парчиња се делат.

Музичарот компонира,

строфа една

која душа допира,

омраза сопира,

љубов донира.

Се испишуваат долгови,

се спојуваат слогови 

и сè тоа

под овие небески сводови.

Тагата талка

кон некој нотес стар,

но со среќата никогаш 

не стигнува

да е во пар.

Болка или пак љубов,

Воља или пак услов.

Од некое битие,

црвена крв се лие,

песна остава,

дело создава.

Александра Стојановиќ

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?