Skip to content

Ќе дојде тој

Eден ден ќе дојде тој.
Нема да речам дека ќе биде вистинскиот.
Туку ќе речам сличен на тебе.
Твој.
Ист како тебе.
И нема од старт да се заљубиш во него.
Ќе се измачуваш.
Ќе го измачуваш и него.
Оти нема да ти се верува
дека некој сличен на тебе постои.
Некој како тебе.
Ист ко тебе, ама да не е ти.

Еден ден ќе дојде тој.
И ќе го стопи сиот мраз околу душата твоја.
И ќе сфатиш дека не си камен.
Дека чувствуваш.
Дека чувстуваш како ниту едно друго човечко битие на светот.
И точно ќе знаеш зошто си тажна.
Точно ќе знаеш среќна зошто си.
И нема да знаеш што сакаш,
оти жените никогаш не знаат што сакаат.
Ама точно ќе знаеш што не сакаш.
Што не сакаш веќе во тебе.
И ќе сакаш да го прегрнеш светот,
силно да ги гушкаш твоите луѓе.
И ќе сфатиш дека ти секогаш таква си била.
Полна со чувства.
Не си била каменот кој си верувала дека си.

Еден ден ќе дојде тој.
И ќе ги сруши сите твои граници.
Сите ѕидови твои.
Секоја тишина.
Секој молк.
Па со него ќе заборавиш на сè што си ветила
дека никогаш нема да го правиш.
Ќе заборавиш на сè што си рекла дека тебе
никогаш нема да ти се случи.
Оти ќе ти се случи.
Ќе биде природно.
Самото од себе ќе си дојде.

Еден ден ќе дојде тој.
Оној што од секогаш си го барала.
Си го мечтаела.
Си сакала да го сретнеш.
И ќе знаеш дека после него
ништо нема да биде исто.
Тој еден ден сигурно ќе дојде,
а јас се надевам дека ти нема да го пропуштиш.
Дека ќе го забележиш.
Дека и ти ќе разбереш дека тоа е тој.
Не е вистинскиот.
Оти ти не веруваш во вистински.
Туку тој е,
оној премногу сличен на тебе.

Лина Димоска

Напишете коментар