Среќен 8ми роденден Крајбрежје – СП Апостол

Во почетокот беше мала светла точка во мракот
со отсјај во чија трема ниту силуета ќе препознаеш,
но, нејзината привидна блискост привлекуваше
и ако се нурнеш не знаеш што сѐ ќе дознаеш.

Потоа стана крајбрежје на два спротивни светови,
кога ли ќе се допрат нивните далечни полови,
дали ќе се обидат со чувства да се повикуваат,
со зборови, мисли, безгласно да се довикуваат.

Сега е крајбрежје, нов брег за исполнети желби,
инспирацијата наша негова плима ќе биде,
нашите сништа водите што ќе го бранат
нашиот копнеж карпите што ќе го хранат.

Си посакал ли таму песна да твориш,
или други прореди што душа ќе лечат,
проза и рима и тага и радост,
и потоа нема силно рани да печат.

Со гласните мисли едноставно блескаш,
на сите порака со надеж им праќаш,
ги немаш веќе погледите стари,
и затоа со радост во домот се враќаш.

Среќен да ти е роденденот осми,
уште многу да славиме со дружина сета,
за дар прими од секоја поетска душа
по стих и збор за непрестан небројни лета.

СП Апостол

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?