На денешен ден 30 март во 1853 година е роден еден од најславните и највлијателните уметници – Винсент ван Гог. Овој холандски уметник се смета за претходник на европскиот експресионизам. Тој го деформираше природниот облик, страствено го прикажуваше она што не можеше да се прикаже со сликање, а зад секоја негова слика стои приказна.
Прочитајте ги во продолжение неколкуте занимливости за неговиот живот.
1. Во неговиот краток живот во траење од 37 години Винсент ван Гог насликал 900 слики. Со сликарство почнал да се занимава од 27 години. Во период од 3 години измеѓу 1886 и 1889 насликал 37 автопортрети.
2. Неговите дела станале познати и вредни дури после неговата смрт. За популарноста е заслужна жената на брат му која на светот му ги претставувала неговите дела. За време на својот живот продал само една слика – Црвените виногради (1888)
3. Освен што се занимавал со уметноста, во еден период од својот живот работел и во книжара. Во текот на таа работа времето го поминувал преведувајќи ја Библијата. Ја превел на 4 странски јазици: холандски, германски, француски и англиски.
4. Ван Гог една од своите најпознати слики ги нацртал во текот на престојот во болница сред еден од своите психички напади. Сликата го носи името „Ѕвездена ноќ“ (можеби и е негова најпозната слика), освен што се смета за најсликовита слика на светот, на едиснтвен начин прикажува турбуленции. Во 2004 г. астрономи ги проучувале прашината и гасот околу ѕвездата која ги потсетувала на сликата од ван Гог. После детално проучување на сликата откриле дека уметникот го прикажувал она што се вика турбулентни флуидни структури.
5. Поради чешките грешки во изговарањето на неговото презиме, посебно во текот на престојот во Англија, Винсент ван Гог секогаш се потпишувал само со името. Така на сите негови дела во ќошот стои Винсент.
6. Една од најпознатите занимливости за Винсент ван Гог е дека си го отсекол своето уво. Се претпоставува дека тоа го направил за да го признае поразот односно несреќата во љубовта. Но подоцна се смета дека не го отсекол цело уво туку дел од него после расправијата со неговиот пријател Пол Гоген.
7. Ван Гог за време на студирањето посакувал да стане уметник, за што и самиот рекол: „…да се обидеш да го разбереш вистинското значење на тоа што ни го прикажуваат големите уметници, вистинските мајстори во нивните ремек-дела, тоа води до бога. Некој го кажува тоа во книга, друг во слика“.
8. Во неговото последно писмо до Тео (му напишал 900 писма на својот брат), Винсент кажува дека со оглед на тоа што немал деца, своите дела ги гледа како свое потомство. На ова се надоврзува историчарот Симон Шама кој вели: „се разбира дека има дете, експресионизмот, и многу, многу наследници“.
Ван гог во 2004 година е прогласен за десетта најголема холандска личност после познатите поединци како Ана Франк, Рембрант и Вилијам III. На 37 години се застрелал во градите, а после два дена починал на 29 јули 1890 г.
Прочитајте ги и фактите за најпознатата слика на Густав Климт – Бакнеж.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.