Skip to content

Секоја капка спомен – Веда

  • by

Ајде да наздравиме! За секоја Божја капка-силен спомен!

Да наздравиме за сè што било и поминало

За сè што е сега и стравот вонземен што не плаши.

За исконската храброста која се грчи и бара поддршка

Да наздравиме за спомените идни

За сè што тоа богатство од вкусови,

Виното, воскреснува,

страсните љубови родени и изгубени

копнежот, предците, идните наследници.

Да кренеме чаша, гордо исправени

Кон сонцето-живот дава

заедно да се слееме- вистината е во виното!

Да ја пронајдема страста, да го ископаме невиното

Да наздравиме за несовршеноста

Да го поткрепиме трепетот

Невозможното да стане возможно

Исцрпеноста да ја замениме со борбеноста.

Ајде! Да го разбудиме сонувачот,

да го чуеме шепотот на мислата,

најврелата, најсмелата, најзрелата

да одѕвонува како звукот на кристалот

со страст искршена.

Да наздравиме со црното или белото

сместени во две чаши свет

претворени во милиони капки, весели меурчиња

милиони насмевки, ѕвезди, убави сништа

тажни случки и силен завет.

Веда

Напишете коментар