20 забавни факти за пролетта на кои многумина им е омилено годишно време

Пролетта на повеќето луѓе им е омилено годишно време. Тогаш природата се буди, околината добива шарени бои, деновите се подолги и потопли. Прочитајте ги во продолжение интересните факти за пролетта.

1. Ако стоите на екваторот на првиот ден од пролетта, ќе го видите сонцето кое ви поминува точно над главата. Ова важи само за два дена во годината: првиот ден на пролетта и првиот ден на есента.

2. Популарни пролетни цвеќиња покрај кокичето се лалето, зумбулите, нарцисите, ирисите, белите ради, ѓурѓевак и лијани.

3. Исто така меѓу првите цветови спаѓа и глуварчето. Глуварчето потекнува од Азија, но сега дом практично му е целиот свет. Се користи како храна и лек, а семето е исклучително важна храна за многу ситни птици.

4. Животни кои ги поврзуваме со пролетта се: бубамари, пчели, пеперутки, жаби, ластовички, црви, зајаци, елени, лисици, мечки.

5. Предлот долж Калифорнија и Орегон помеѓу Харбор-Брукингс Орегон и реката Смит која ѝ припаѓа на Калифорнија се вика „Велигденска светска престолнина за лилјаните“ бидејќи произведува 95 проценти од сите стебла на светот одгледувани во саксии за велигденскиот пазар на лилјани кои претставуваат повеќе од 11 милиони такви садници секоја година.

6. Пилињата од сите видови птици учат да пеат во пролет. На свет доаѓаат со способност за пеење, но мора да научат одредени мелодии од својот вид. Се смета дека ги учпат во првите десет до шеесет денови од својот живот, а почнуваат да ги певаат дури наредната пролет кога се стари од околку три стотици дена.

7. 22. март претставува светски ден на шумите и во текот на тој ден сите земји од светот се трудат традиционално да организираат пошумување различни видови дрвја.

8. Пролетното „лудило“ (немир) е вистинско. Најчесто се јавува кога изненадна топла магија го прекинува долгиот, ладен период. Кога температурите растат, доаѓа до дилатација т.е. ширење на крвните сaдови за крвта ефикасно да се пренесе до површината на телото и со тоа доаѓа до покачено ладење на организмот. Некои луѓе поради овој настан чувствуваат дека имаат вишок енергија.

9. Пролетното чистење е често проследено на претходното случување опишано погоре. Со топлото време прозорите и вратите можат да бидат отворени за подобра вентилација на домот во текот на бришењето прашина или поради перење и вшмукување на теписите. Се смета дека пролетното чистење датира од периодот на античка Персија, кога Персијанците ги чистеле своите домови за Нова година. Тоа го нарекувале „Khoneh Tekonu“ што во слободен превод би значело „претресување на куќата“. Друго можно потекло на овој глобално распространет обичај лежи во еврејската традиција каде со чистење на домот луѓето се подготвувале за Пасха.

10. Смарагдот ја претставува пролетта, повторното раѓање, надежта, мирот и спокојството.

11. „Јунските невести“ не се повеќе толку честа појава колку што некогаш биле во одредени делови од светот. Историски гледано за поголемиот дел од светот јуни бил многу популарен месец за венчавање. И самиот збор јуни води потекло од латинскиот збор Јуно – име на римската божина на бракот. Денес статистиките покажуваат дека сè повеќе парови се венчаваат во текот на летните и есенските месеци.

12. Поплавите исто така се дел од пролетта и секако помалку пријатен дел. Настануваат поради топењето на снегот на планините каде се воедно и изворите на реките, како и поради пролетните дождови.

13. Уште еден помалку пријатен дел од пролетта за одредени делови од светот се и ураганите – нивната сезона почнува со пролетта.

14. Од сезонските алергии ширум светот страдаат повеќе стотици милиони луѓе. Причинители се поленот од тревата, дрвјата и мувлата.

15. Болвите стануваат поактивни како што времето се затоплува и истовремено и вашиот домашен миленик станува позаинтересиран за излегување надвор. Со тоа погрижете се во текот на пролетта да му обезбедите нему, а и себеси адекватна заштита.

16. Животните се будат од хибернација и се гледаат сè почесто. Оние кои биле во длабокиот зимски сон се верверичките, мечките, лилјаците, но и некои видови птици.

17. Птиците се враќаат во северните краеви од потоплите јужни, основаат свои семејства и се вгнездуваат. На светот постојат околу две илјади видови кои припаѓаат на далекусежните преселници, од вкупно десет илјади видови птици.

18. Пеперутките ги собираат првите нектари од пролетното цвеќе, а и пчелите се будат од зимскиот сон. До крајот на пролетта стигнува и првиот мед.

19. Велигден се слави неделата која доаѓа следејќи го полниот месец. Тоа би било помеѓу првата недела после првиот полн месец после пролетната рамноденица. Така се слави измеѓу 7 април и 6 мај.

20. Не заборавајте дека нас пролетта ни завршува на 20./21. јуни. Уживајте во нејзе колку е можно повеќе. Искористете ги максимално пролетните топли денови кои се пред нас!

Прочитајте ги и следниве мисли за пролетта.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?