Skip to content

Сè уште не – Дијана Станчевска

  • by

Не ми кажувај вечерва
дека сум свеќа што
тајно горам
на покривот
на сите вас вчера.
Толку удобно облечена во себе.
Така таа немирно го
изгори времето
во кое се одделуваат уникатни
зборови.

Темнината се затегнува како обрач,
плашливо допирајќи
со часови
на нервот на прозорците
и рамномерно ги дишам sвездите

Твојата рака ги обвива
ранливите вулкани
на моето лошо сеќавање,
за да ме спаси од болка.
Јас се топам, но немој да кажуваш…
Уште не…

И ноќта молчи.
Не можам да замислам птиците да го
слават животот
во претпладневните делови
една по друга …
Тешко е.
Ако пеат заедно,
дали ќе ми верувате
дека можам да останам
непроменети од вас до мене?

Дијана Станчевска

Напишете коментар