Денес топла препорака за читање е еден од моите омилени раскази „Легендата за заспаната долина“ напишана од Вашингтон Ирвинг. Овој расказ е за сите оние кои сакаат страшни трилер приказни измешани со љубовен триаголник проследени со доза на неизвесност и љубопитност. Интересна приказна раскажана од старите холандски доселеници во Америка кои живееле покрај реката Хадсон во државата Њу Јорк.
Црквата на Заспаната долина во Њу Јорк
Морам да ја споделам и сликата на старата холандска црква од Заспаната долина од каде Ирвинг исто така добил инспирација да го напише расказот. Оваа црква е една од најстарите изградени цркви на територија на државата Њу Јорк од холандските доселеници во 17 век.
Оваа приказна е објавена во 1820 година, односно веќе 200 години го привклува вниманието на читателската публика низ целиот свет. Полна со суеверија од овој див регион ја раскажува приказната за обезглавениот коњаник кој сее страв во долината, се појавува одненадеж, ноќно време и секој може да биде жртва без разлика од каде доаѓа и колкава е неговата моќ.
Најпознато дело на Вашингтон Ирвинг
Останува да биде негово најпознато дело, дело кое ги преминува океанот, го прославува во Европа и низ целиот свет. Оттогаш, оваа приказна е прераскажувана, филмувана и служела инспирација на многу сликари и креативци.
Она што е навистина интересно е тоа што приказната ја раскажува лице кое се нарекува Дидрих Кникербокер и чијшто белешки најдени после неговата смрт го инспирирале Ирвинг. Дидрих бил навистина инспириран од приказната и благодарение на него инспирира и денес.
Ирвинг ракажува со големо леснотија и убавината лежи во тоа што остава на читателот да ја употреби својата фантазија и сам да си ја долови морничавата атмосфера.
Писателот не употребува дијалози за да ја заживее приказната, но неговата умешност во раскажување го привлекува вниманието на читателот до самиот крај.
Легендата
Дејството се случува во 17 век, во Заспаната Долина покрај реката Хадсон. Ихабон Крејн, селски учител се заљубува во Катрина ван Тасел, убава ќерка на еден богат холандски доселеник и богат фармер.
Чудниот испиен изглед на Ибахон и неговите чудни навики се постојано на мета на другиот додворувач на Катрина и се создава постојана тензичност која уште повеќе го привлекува читателот. Но, една темна есенска вечер Ихабон шетајќи се покрај шумскиот пат го сретнува обезглавениот коњаник. Тој исплашен оди да се скрие во блиската црква.
Следниот ден, од него нема ни трага ни глас. Сите се прашуваат дали е уште од жртвите на Обезглавениот коњаник или можеби сето ова е една несолена шега?
Го наоѓаат неговиот коњ и остатоци од една тиква која е симбол на Празникот на Духовите.
Прочитајте го овој интересен расказ и инспирирајте се од оваа интересна легенда, можеби и вие ќе добиете инспирација да нашишете некој трилер.
Филм
Исто така погледнете го и филмот „Заспаната Долина“ со Џони Деп во главната улога од 1999 година во режија од Тим Бартон.
Прочитајте и за Вашингтон Ирвинг, американски писател кој се инспирирал од германски и холандски фолклор.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.