Казната на Артемис

Митови и приказни за Артемис (мак. Артемида) има многу, но овој некако ми е омилен со оглед на тоа во какво време живееме и колку малку навистина, барем кај нас, се почитуваат жените.  Некако читајќи ги вестите за фамозната и искрено, загржувачката ситуација со “Јавна Соба” и останатите слични Телеком групи, како сијаличка ми светна оваа позната приказна која, на некој начин кажува колку навистина  културите во Античките времиња, во некои ситуации биле многу понапредни од нас.

Митот

Еден ден додека Грчката Божица на ловот, месечината и шумите, Артемис (кај нас позната како Артемида), се бањала во едно затскриено езеро со нејзините нимфи, еден смртник по име Актаеон кој бил излезен со неговите кучиња на лов, се осудил да застане и да ја гледа.
Во истиот миг кога нимфите го забележале, почнале да врескаат и набрзина се обиделе да ја покријат Божицата. Но, веќе штетата била направена.

Артемис, обично повлечена, но заштитнички настроена кон жените, со огромен експлозивен темперамент, избезумена од нервоза затоа што некој ја нарушил нејзината приватност, го прснала Актаеон со вода и во истиот миг тој се претворил во елен. Исплашениот Актаеон веќе не се чувствувал љубопитен и за многу брзо ја зажалил таа негова храброст, но правдата на Божицата на ловот сѐ уште не била задоволена. За миг таа ги довикала кучињата на Актаеон, а тие не препознавајќи го својот господар, брутално го растргнале.

Тежок мит, но навистина многу поучен. За крај, на сите оние што имаат коментари од типот. “Што барале да се сликаат?”
Сакам да им посочам дека не е океј да покажеш слика на некој на кој му веруваш и кој претходно преставувал лажна визија на доверлив човек, а потоа тој ист човек да ја дели наоколу таа слика како парче месо на сите останати, гладни, очајни, нецивилизирани кучиња.
Да се потсетиме на оваа наша ситуација што некако се затутка и да се потсетиме дека таму, се делат и слики на деца сликани од плитки души како оваа на Актаеон.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!