Моментот – Сузана Божиновска

Моментот
кога ќе помислиш
тоа е тоа.
Моментот
кога ќе си речеш
сè е во ред.

Моментот
кога сè е онака
како што си сонувал.
Кога секоја коцка
доаѓа на свое место.
Кога срцето трепери
од радост и возбуда
како никогаш предходно
…и мислиш…ете…
…тоа е…
Сè е како што треба…
Животот ти контрира.
Те удира толку јако
толку моќно
толку безмилосно…

И најтешкото
те удира болно
со едно големо Б.
Е тогаш…
тогаш губиш.
Го губиш моментот
на среќа
моментот на исполнетост
моментот дека живееш.
Губиш дел од себе.
Го губиш тој момент
и одеднаш
си во некој друг момент
сосема нов
сосема различен.

Момент на тесната линија
помеѓу среќата и тагата
помеѓу живеам…и…
живеам, но не дишам.

Сузана Божиновска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели