Забележав страв
во неговите очи,
додека виното црвено
во последните чаши се точи.
Сакајќи да изусти
слог – два,
душата своја ја испушти.
Се заплетка во мрежата
на вечниот мрак,
не допуштајќи
до него да стигне
ниту еден зрак.
„Ги загубив зборовите“ – рече,
додека од моите очи
тагата тече.
„Тука е крајот на мојот пат,
сега се упатувам кон небескиот кат.
Таму сонцето посветло сјае,
а од слога љубов се ткае“
Додека јас патувам,
среќа на вас ќе ви дарувам,
на лицето ваше ќе се вселам
за насмевки да делам.
„Со крилјата бели
цврсто ве чувам“ –
тој ни вели.
Александра Стојановиќ