Skip to content

Сплинот на Бодлер

На Шарл Бодлер, сплинскиот поет

Сплин,

Неразмерна борба со желудочен сок

Тивко чекори мачкиниот шепот

По сенките на изгубените сметки

Нема ниту една жива душа

Да го измие твоето чело страдалничко

Од потта на спомените

Пролеани со трепет

На мајчина воздишка.

Ох, ти несовесност на веков?

Се крие твојот татнеж во моиве вени

Пурпурна е ноќта срцево го плени.

Мирисот твој е преточен во црна една жена

Отскок има во змискиот сон

Кошмарот кој го црни.

Змискиот пелин низ мојве стихој се влече

Безнадежност за само еден пурпурен оддишок

Во душава ме пече.

На животов мој земен темната карпа е мој сопатник

На убавината моја закрилник.

Хармонија голема и безобличена

Солзи радосници на мајка расплачена.

На светци црни

Кандилце палам со свечен чин.

Сплин, сплин, сплин….

Ме јаде, ме копка морничав сплин

Разбран само од морската шир.

Сплин , сплин, сплин…

Утеха барам во она што го разбирам

Љубов, вино или поезија.

Напишете коментар