Ќе ги сонувам твоите одења и
доаѓања,
времето ќе го бројам со очекувањата
и твоите јавувања,
радувајќи се на секој нов ден
и без тебе дочекан роденден.
Ти ветив, нема да плачам
но солза горчлива окото
ми го мачи,
и како сон бескраен срцето тага
ми го стега.
Но од судбината сине не се бега ,
не се бега,
само верувам дека за арно ќе е,
само за арно сине.
Снежана Паноска