На Ирска

Детелина со три листа.

Опколена со мориња од четири страни

Непреодено зеленило

Се нишка на келтскиот призвук

На харфата златна

Танцуваат црвенокосите тела

На падините рамни

Сакаат да ги допрат виножитата

А, ти, ти сакаш само мир,

Бел мир

Кој ги раздвојува северот и југот

и не може да ги спои

ружата и детелината

зошто трнот боди

детелината добива четири листа

со помош  на Боговите

а твоите се само три

се караат

се караат

Шин Фејн

Ќе се обединиш ли некогаш?

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!