На Деновите на македонската книга што се одржаа во Московскиот дом на националностите во рамки на проектот „Читаj jа Македониjа!”, иницијаторот на проектот Олга Панкина ја претстави книгата „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”. Ја најави и новата поетска збирка „100 песни на Блаже Конески во препев на руски” коjа се подготвува токму за јубилејот на поетот.
Годинава проектот „Читаj jа Македонија!” има задача да придонесе кон афирмацијата на С. Македонија во светот низ книжевните остварувања (претставени на македонски jазик и во превод на руски) на големиот македонски културен деец Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање.
– Читателската публика беше запозната со наjновите изданиjа на Центарот за книга „Рудомино” и издавачката куќа “У Никитских ворот” – книги од македонски автори обjавени во превод на руски: Давор Стојановски “Собирачи на пепелот” (роман), Гане Тодоровски “Македонски монолог” (поезија), Тоде Блаже Ристовски “Не сум виновен за ништо” (хуморески), Влада Урошевиќ “Маџун” (роман), Мирјана Тренчева “Патот за Итака” (поема), Гоце Смилевски “Разговор со Спиноза” (роман) – Москва, 2019; Лилjана Пандева “Доилката” (роман), Влада Урошевиќ “Барајте го гавранот” / “Дива лига” (роман) – Москва, 2020, Драгица Најческа “Друга мајка” (роман) – Москва, 2021, информира во соопштение Панкина. Промовираните книги се подарени на Московскиот дом на националностите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.