Миле Ѓорѓијоски – Афоризми (втор дел)

Денеска ги споделуваме следниве афоризми како продолежние на вчерашните. Прочитајте ги афоризмите кои се наменети за политиката и политичарите кои ги споменуваме исклучиво во ваков контекст. Пријатно читање!

1. И нашите политичари работат за двајца. Ама само кога се на шведска маса.

2. Политичарите треба да работат нонстоп. За грабежот на векот имаат само четири години.

3. Кога политичарите си го даваат га*от под кирија, народот плаќа со глава.

4. Новата власт вети, дека ќе работи двојно повеќе од старата. Тешко нас, дупло ќе крадат.

5. Странските политичари одат на работа со велосипед. Нашиве немаа ни велосипеди пред да седнат во службен Мерцедес.

6. За ловците на гласови, секоја сезона е ловна.

7. Не ги плаши што народот е на улица. Знаат дека нема кој да го изведе на прав пат.

8. Добра вест: за празниците, многу политичари ќе ја напуштат државата. Лоша вест: ќе се вратат.

9. Тешко на народ со олку многу лесни политичари по глава на жител.

10. Политичарите ни се непоправливи. Она што ќе го растурат, никој не може да го поправи.

11. И во политиката има позитивни работи. Треба само да се направи тест за СИДА.

12. Уште како ученик покажуваше талент за политика. Не одговараше на тешки прашања.

13. Црните дупки во главите на нашите политичари ќе ни ја проголтаат државата.

14. Не барајте од политичарите јавност во работата. Кај нас проституцијата сѐ уште не е легализирана.

15. Нашите политичари се скромни луѓе. Можат да поминат неколку мандати со само еден чорап на главата.

16. Нашите политичари не се платени убијци.Тие се такви родени.

17. Генетски модифициран камелеон. Место бои, менува партии.

18. Велат, ѓаволот си нема работа. Значи и тој е без партиска книшка.

19. Политичарите не настанале од мајмуни. Мајмуните не се човекојадци.

20. Обезглавениот народ има најмногу патриоти по глава на жител.

21. Колку повеќе ги подмачкувате политичарите, толку повеќе шкрипи на сите страни.

22. Ризично е политичарите да се праќаат во притвор. Ќе ја изгубат невиноста.

23. Треба да запишам курс по македонски јазик: не разбирам што зборуваат политичарите. Ние сме мала држава. Затоа имаме најмногу неписмени политичари по глава на жител.

24. И во Македонија има поволна клима за брзорастечки дрва. Ама само во парламентот.

25. Не ни требаат попови. Нас ќе нѐ закопаат политичарите.

26. Не ја обработуваат земјата. Народот дава подобри резултати.

27. Нашите политичари не се грандомани. На сите ни влегоа под кожа.

28. Политичарите се како бездомниците. Им капе од сите страни.

29. Не ни треба еутаназија. Политичарите совесно си ја вршат работата.

30. Постепено го губиме статусот на народ. Политичарите се мнозинство.

31. Не им се поклонувајте на политичарите. Ќе ве јавнат.

32. Патриотите никогаш нема да ги пуштат нозете, колку што им е долга чергата. На лагата ѝ се куси нозете.

Прочитајте го и првиот дел афоризми од истиот автор.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?