Миле Ѓорѓијоски – Афоризми

За почеток на новата работна недела прочитајте ги овие афоризми од Миле Ѓорѓијоски кои ќе внесат малку ведрина во вашето секојдневие. Прочитајте ги и направете простор за хумор во вашиот ден.

1. Во мојата земја најдолго се умира – цел живот.

2. Дипломирав магистрирав и докторирав во еден ден. Немаа да ми вратат кусур.

3. На Балканот лулето на мирот наместо со тутун, се полни со барут.

4. Држете безбедна дистанца. Не држете се за гуша.

5. Гласавме за нив. Така започна нашата, но и историјата на нивната болест.

6. Ме разочара и кронавирусот – дојде на Балканот.

7. Јас сум казнет само еднаш во животот. Роден сум на Балканот.

8. Во мојата фамилија се јаде три пати на ден. Денес јас, утре жена ми, задутре дедо ми.

9. Какво е чувството кога швалерката ќе се бакна со маска? Исто како сопругата без маска.

10. Водачот треба да поседува безбедносен сертификат. Опасен е по животот на народот.

11. Со жена ми изолацијата ја минуваме во брачниот кревет. Евоцираме спомени.

12. Политичарите на Балканот имаат право да пишуваат заедничка историја. Ама само за сопствената болест за власт.

13. Убавиот збор челични порти отвара и во Македонија, ама и во Бугарија. А чиј е, ќе утврдат мешовитите комисии.

14. Ме плашат оние што ја прекројуваат историјата. Не знаат за мерка.

15. Има и политичари што горат за државата. Коронавирусот прави чуда.

16. Во мојата земја најдолго се умира. Тоа ни го продолжува животот.

17. Држат безбедна дистанца од народот. Го праќаат по ѓаволите.

18. Откако останавме без работа не ја прашувам жена ми што готви за јадење. Тоа за нас е безпредметно прашање.

19. За да дојде човек на власт, потребна е луда среќа, а за да остане – да се прави луд.

20. За сè се криви мајмуните. Не употребувале контрацептивни средства.

21. Нема што да бараме во Европа. Ние тука се загубивме.

22. За тоа што во ЕУ ќе влеземе на куково лето криви сме самите. Секогаш гласаме за кукавици.

23. Велат еден ден и нас ќе нè примат во ЕУ. О Мама Хуанита, зар само еден ден?

24. Политиката е посмртоносен вирус од коронавирусот. Ризична категорија се сите гласачи.

25. Некогаш за демократијата се пееле оди. Денес – опела.

26. Откако се вработи по рамковен договор секој ден ми е празник на душата. А тој кога празнувам не работи.

27. Не е вистина дека нашите политичари постојано глумат. Не глумат додека крадат.

28. Велат, еден политичар доживеал мозочен удар. Не верувам – или не е политичар, или дијагнозата е погрешна.

29. Патриотите ги почитуваат пазарните законитости: колку пари, толку патриотизам.

30. Кај нас нема потреба да се прислушкуваат политичарите. Доволно е само да се помирисаат.

31. Пред економската политика на владата еден ден сите ќе симнеме капа. Ќе пропитаме.

32. Време е црквата да се одвои од државата. Не може за една иста работа да им плаќаме и на поповите и на политичарите.

Прочитајте ги и овие палави афоризми посветени на најмалите од истиот автор.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?