Молк на зборовите – Ирена Блажеска

Без глас
Без глас ќе зборувам за сите воздишки
Оставени на нашите улици
Ќе молчам за сите погледи
Од длабочините на душата извадени
Силно проголтани
Ќе молчам за бакнежите
Што никогаш не ги добив
Ќе молчам и за допирите
Кои болат од самите мисли
Ќе молчам за сè што бевме
Низ олуја сокриени
Низ ветер испратени
Ќе молчам за сите денови
Напразно поминати
Ќе молчам за молкот
Кога те изгубив
Зашто само молкот остана
Преплетен низ тишината
Испратен до осаменоста
Изгубен во неоствареното
Заборавен во заборавеното.

Ирена Блажеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?