Името твое ми го шепоти ветерот,
а јас гледам во небото
и знам,
денес јас и ти во исто небо гледаме.
Нам барем небото ни е заедничко.
Името твое се крие во песните на радио,
а јас ги слушам стиховите
и се трујам.
Денес, јас и ти иста песна слушаме.
Нам барем песните ни се заеднички.
Името твое го ткаам низ моите стихови,
дури се обидувам некако да го сокријам
и се кршам, се дробам.
Денес, ти ги читаш и знам дека знаеш.
Знаеш дека и оваа песна е уште една за тебе.
Името твое тивко го шепотам низ моите молитви.
Само ти да си добро.
И убаво да ми те чува некој од горе.
Да ми те гледа, да ми те пази,
додека јас не можам.
А името мое, ти кај го криеш?
Каде?
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.