На денешен ден (27.4.1952) бил роден Горан Стефановски, еден од нашите најзначајни македонски драмски писатели. За жал тој пред три години го напушти овој свет, но неговото дело останува да живее вечно. Тој зазема значајно место во современата македонска книжевност и се смета за најистакнат македонски драматург во периодот по Војдан Чернодрински.
За своите драми, Стефановски бил добитник на повеќе награди, како „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“ и „Војдан Чернодрински“. Прочитајте ги во продолжение неговите најпознати цитати од безвременските драми што ги напишал.
1. „Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.“ („Жив Човек“)
2. „Денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ („Диво месо“)
3. „Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.“ („Дупло дно“)
4. „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ („Тетовирани души“)
5. „Југот не го сака Север. Исток Запад. Европа не ја сака Америка, Ирска Англија. Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа? Ако е така, тогаш нема спас. А, без спас нема живот. А, без живот нема ништо. Има смрт“. (Тетовирани души)
6. „Чекам веќе десет часа, а неа ја нема. Да знам дека ќе дојде, воопшто не би ја чекал“. („Конзервирани импресии“)
7. „Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот.“ („Дупло дно“)
8. „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ („Диво Месо“)
9. „Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате… живеете на вересија… ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“ („Диво Месо“)
10. „Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие, ќе знае што да прави со нив.“ („Лет во место“)
11. „Боже. Сите ги мразам. Сите ми се грди, гадни и туѓи. Светот ми е нејасен и мачен. Лебот горчлив. Смилуј се Господи, поништи нè. Направи ја оваа година 1878 последна. Што ќе сме ти вакви? Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сè што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба. Па наврти води да ги измијат трагите дека некогаш нешто лазело по земјава. И така да биде крај. Да останат само камен и вода, да се тријат еден од друг, бесконечно, во вековите што идат. И така да биде мир и волјата твоја. Амин“. („Лет во место“)
12. „Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.“ („Жив човек“)
13. „А што значи самоубиство? Нас нè повика татковината. Јас зедов пушката и тргнав. Како и татко ми пред мене. Имам вера во Бога. Имам вера во власта.“ („Екс-ју“)
14. „Да знаев какви ќе излезете, ќе ве издркав во чаша. Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите ни во телата…“ („Диво месо“)
15. „Ќе има војна… Ќе има војна… – Доста беше и ваков мир“. (Диво месо)
Прочитајте ги и овие цитати од Ѓорѓе Балашевиќ од кој светот се опрости годинава.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.