Светлата страна на добрината и темната на злото – Дијана Келтаневска

Кога гледам во огледало се гледам себе.
На сончева светлина ти го покажуваш мојот лик.
Кога е светло се погледнувам за миг.
Во темнина не можам да се видам себе.
Во мрак како да ме нема пред тебе.

Најдобро се познавам себе преку тебе.
Пред тебе ги покажувам моите чувства.
Од тебе не можам да сокријам ниедна тајна.

Ти ја покажуваш секоја лузна на моето лице,
секоја болка која ми е нанесена мене.
Ја гледаш тагата во мене од злото на овој свет.
Ми дозволуваш да го видам тоа што и ти го гледаш во мене…
болката во мојата душа, моето патење, моето каење.
Моите солзите капат како кристали,
капка по капка на твоето блескаво стакло.

Се обидувам да се исправам, да застанам на сопствените нозе
од сите неправди кои ми се нанесени.
Тебе ништо не може да те повреди,
да те скрши, да ти нанесе болка, да ти нанесе зло.

Ја гледаш мојата тага и мојата среќа.
Покрај мене си кога сум среќна, кога сум тажна.
Со мене си кога се смеам и кога плачам.

Очите ми светат како дијаманти секој поглед од среќа.
Ја гледаш насмевката на моето лице од радост.
Среќна сум кога има добрина на овој свет.
Радосна сум кога сите правиме добри дела.

Срцето ми е полно со радост и среќа.
Тогаш изгрева сонцето, доаѓа светлина.
Со добрината имаме светлина, со злото темнина.
Со добрината имаме ден, со злото ноќ.
Се радувам на доброто, тажна сум на злото.
Доброто го победува злото.
Само ако правиме добри дела ќе го победиме злото.
Тогаш ќе има рај на земјата.

Дијана Келтаневска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?