Ветрот те донесе на мојот праг.
Ги следам твоите стапки на снегот, но ти се губи траг.
Како снегулка паѓаш, се губиш во снегот секој час.
Надеж не губам, знам ќе те видам јас.
Со тага во себе покрај прозорецот седам
и часовникот го гледам.
Твоето ладно срце како мразулец смрзнува на овој студ.
Празна во себе како пенкало со потрошена мина,
како последната капка мастило за перо,
како последното чкорче кибрит во кутијата,
како изгорен фитил на свеќа,
како празно шише од вино.
Чекам секој миг, секој час да го чујам твојот далечен глас.
Тажни мисли ми се вртат често.
Како осамен лампион на елка сум.
Кога ќе помислам на тебе не ме фаќа место.
Се гушам во сопствените солзи во мрак.
Ах, тебе те има – те нема.
Како сијаличка на елка светиш до првиот сончев зрак.
Пишувам порака на прозорот често.
Еден ден која ќе дојдеш да ја прочиташ на тоа место.
Ах, ти слободен патуваш.
Како птица праќаш писма од другиот крај на овој свет.
Додека јас те чекам како смрзнат цвет.
Ме остави како заборавена книга на полица,
како празно писмо во пошта.
Ме остави без зборови, без текст, без пишана страница.
За тебе не постои граница.
Авантурата ти е појдовна станица.
Дијана Келтаневска