Skip to content

Празен и простран е плоштадот – Николина Ќорвезироска

Всушност го влечев светот врзан со јаже на велосипедот, не успевав во корпата напред да ги ставам облаците. Тие не се нешто што може да се врзе. Всушност движејќи се со гумените тркала по рапавата улица, пробував да ги избегнувам куќичките на мравките. Не сакам да им ги газам чувствата и надежта дека се договориле да го стркалаат едно зрно од пченица штотуку ‘ртено.

Замислиле да им стои на врв на кула за да им се восхитувам. Всушност не знам зошто секој ден одам по истата патека, и ги собирам истите разочарувања.

Ми се случило да се борам со песни, да си потпевнувам додека возам, по поплочената патека, што не пропушта ни една нота во нејзината пукнатина. Ги ширам рацета како кога бев дете. Празен и простран е плоштадот, без цвеќиња нема што да се помилува, пуста е секоја споредна улица.

Куќите се стиснале, ѕидовите на моите грижи одамна збеснале, се разурнале. Им завидувам на мравките секој ден си ја тркалаат мислата и ја слават на врв на кула.

Николина Ќорвезироска

Напишете коментар